Приведен малолетник за уцена, барал пари од малолетничка за да не објави компромитирачки материјал

Од:

Вчера вечер, во 21.30 часот од полициски службеници од СВР Скопје, Единица за насилен криминал-ОНК во координација со Одделение за криминалистички работи Чаир е лишен од слобода малолетник од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Уцена“ казниво по чл. 259 од Кривичен законик, информира МВР.

– Малолетникот побарал пари од малолетничката, со која претходно бил во љубовна врска, за да не објави компромитирачки материјал за неа. Уцената била пријавена од родител на малолетничката, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности. На малолетничката и се дадени крим технички обработени пари и во моментот кога таа му ги дала на малолетникот, тој е приведен од полициски службеници, соопшти МВР.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски