Приведен криумчар на мигранти, пренесувал 12 Непалци

Од:

Во кумановското село Орашец, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции денеска го лишиле од слобода И.И.(19) од село Слупчане, липковско, бидејќи во возилото „фолскваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти од Непал.

– Околу 02.20 часот на автопатот „Пријателство“, делница Табановце – Куманово, полициските службеници дале знак за запирање на возилото, но возачот не застанал и продолжил со движење, се исклучил од автопатот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе и откако влегол во село Орашец навлегол во нива, по што излегол од возилото и се обидел да побегне. Набргу бил фатен, а во возилото биле пронајдени мигрантите, појаснија од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет

Приведен криумчар на мигранти во близина на село Богородица

А1он

ВИДЕО: Криумчарел 15 Кинези во камионот, Босанец уапсен на „Богородица“

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени девет лица од Сирија

Приведен 21-годишен криумчар, превезувал 13 мигранти од Сирија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Бркотница на автопат: Полицијата фати криумчар на мигранти

Катерина Ѓуровски