Приведен криминалец кој се барал со потерница

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера бил приведен четириесетишестгодишен маж кој се барал со потерница.

„На 08.09.2021 во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода А.Б.(46) од Скопје, кој се барал по потерница, за доиздржување на казна затвор од 4 години и 8 месеци за сторени кривични дела по член 131 став 1 и член 237 став 2 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината без надоместок

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР