Приведен криминалец баран со потерница – осуден на 10 години затвор, пронајден пиштол, куршуми…

Од:

Вчера вечер, во 21.25 часот на улицата „Карпошово востание” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги и Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода 37-годишниот Е.К. од Скопје, информира МВР.

– Тој се барал по две централни потерници – од Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување казна затвор од 6 години и 9 месеци, а бил осуден на 10 години и 4 месеци затворска казна за сторени кривични дела по член .386, член 238 и член 236 од Кривичниот законик, како и од Основен суд Скопје 1 Скопје за истрага за сторено кривично дело по член 292 од Кривичниот законик. При преглед кај него и претрес во домот каде престојувал, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол, куршуми, повеќе таблети во различни бои и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела, соопшти МВР.

Тој бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он