Приведен крадец во скопски Чаир, расчистени неколку кривични дела

Од:

Приведен е човек кој се сомничи за кражба од сендвичарница, и неколку други кривични дела, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 18.01.2022 во 03.30 часот на подрачјето на Чаир од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, непосредно после извршени кривични дела, бил лишен од слобода М.Ф.(31) од Скопје, со што од страна на Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Чаир се расчистени неколку кривични дела.

Имено, приведениот се сомничи дека извршил една „тешка кражба“ од сендвичарница, при што одзел пари и две кривични дела „тешка кражба“ во обид, како и две кривични дела „оштетување на туѓи предмети“.

По целосно документирање на случајот против него ќе следи кривична пријава“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп