Приведен крадец во Скопје, украденото вратено на сопственикот

Од:

Полициски службвеници лишија од слобода скопјанец, кој се сомничи дека со уште едно лице со употреба на сила одзел повеќе предмети од маркет на бул.„Илинден“. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, информираат од Министерството за вхнатрешни работи.

– Синоќа во 23:15 часот на бул.„Илинден“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода А.И.(19) од Скопје. Тој се сомничи дека претходно околу 22.55 часот со уште едно лице со употреба на сила одзел повеќе предмети од маркет на бул.„Илинден“. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а во службен разговор во полициска станица А.И. го признал делото, посочуваат од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител и во координација со него по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он