Приведен крадец од струмичко, пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела

Од:

Вчера во 11.30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода 37-годишниот Д.Г. од село Василево, струмичко. Тој се сомничи дека во периодот од 17.03.2022 до 30.03.2022 извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „предизвикување општа опасност“, односно одзел бакарни цевки од системите за гас и ладење во неколку правни субјекти на подрачје на Струмица, информира МВР.

Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела. Д.Г. бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, соопшти МВР.

По целосно документирање на делата против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски