Приведен крадец од Ресен, одреден му е притвор

Од:

Приведен е крадец од Ресен и одреден му е притвор, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Отсекот за општ криминал при СВР Битола, денеска (07.03.2022) до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Р.Б (28) од Ресен заради постоење основано сомнение дека тој во период од 01.03 до 06.03.2022 извршил 14 тешки кражби по чл.236 и чл.236 в.в. чл. 19 од Кривичниот законик на РСМ во куќи и верски објекти на подрачјето на Битола. Р.Б. е приведен од полициски службеници од полициската станица Битола, а потоа и изведен пред судија на претходна постапка, при што одредена му е мерка притвор во траење од 8 дена“, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он