Приведен крадец на возила од скопското село Грчец

Од:

Скопската полиција поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје против Ј.П.(27) од село Грчец, Скопско, поради „тешка кражба“, дело казниво по член 236 од КЗ на Република Македонија.

Кривичното дело било извршено на 22 јануари околу 12,20 часот пред маркет на улица Борис Сарафов. „Оштетениот се паркирал со своето возило „форд експлорер“ со американски регистерски ознаки за да купи нешто од продавница, а возилото го оставил да работи со клучот на бравата. Крадецот ја искористил можноста, влегол во отклученото возило и го одзел.

Оштетениот веднаш реагирал да го стигне и запре возилото, но не успеал, по што телефонски пријавил во СВР Скопје. Од страна на полициски екипи веднаш е почната потрага на терен во правец на движење на украденото возило.

Пријавениот J.П. најпрво предизвикал сообраќајна незгода удирајќи со одземеното возило во друго возило, по што веднаш гo напуштил местото на настанот во правец на село Кондово, каде што го оставил возилото и побегнал. По кратко време Ј.П. е фатен и приведен.Возилото е вратено на оштетениот, кој го препознал Ј.П. како сторител на кривичното дело, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп