Приведен гевгеличанец за одгледување „канабис сатива“

Од:

Полицијата  при извршен претрес вчера во куќата, дворното место, помошните простории, како и во помошните простории-ранч кои се наоѓаат во атарот на Гевгелија,  во непосредна близина на фабриката „Паскалин“, на лицето Д.С. (39) од Гевгелија, пронајде „канабис сатива“.

Во дворното место, соопшти денеска МВР, се пронајдени засадени 10 растенија „канабис сатива“ во висина од 70 см до 2,5 метри, во гаражата се пронајдени пет растенија „канабис сатива“ закачени да се сушат во висина од 1,6 до 2,4 метри, сноп од гранки со листови и цветни завршетоци од растението закачени да се сушат, како и пластични кофи од кои едната исполнета со цветни завршетоци, а другата со гранки и листови. Пронајдени се и три најлонски ќеси исполнети со цветни завршетоци од растението „канабис сатива“.

Пријавениот во текот на претресот сам, доброволно ги предал и покажал сите предмети кои беа пронајдени и одземени. Тој е приведен и задржан во просториите на Полициската станица во Гевгелија.

Во разговор со него, тој навел дека во текот на јуни годинава од љубопитност ги фрлил семките кои претходно ги пронашол во помошна просторија која се наоѓа во рамки на неговата куќа во дворот. Откако изникнале растенијата почнал да ги одгледува, а бидејќи бил долгогодишен корисник на марихуана планирал да си произведе за лични потреби и да си направи залиха за неколку години.

До Основното Јавно обвинителство во Велес поднесена е кривична пријава против Д.С. поради основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,  психотропни супстанции и прекурсори“.

Би можело да ве интересира

Хрватската полиција заплени 13 килограми кокаин на граница со Црна Гора

А1он

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

(ВИДЕО) Заплена на дрога во Струшко, во возило пронајдени 62 пакувања марихуана

Горан Наумовски

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме