Приведен арачиновец во чиј дом била пронајдена пушка

Од:

При вршење на претрес во домот на дваесетишестгодишен човек во Арачиново, била пронајдена пушка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (09.09.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни информации и судска наредба, извршија претрес во дом на Ш.О. (26) од Арачиново. При претресот е пронајдена автоматска пушка МП 40, една рамка за пушката и 16 куршуми. Ш.О. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа