Приведен 54-годишен штипјанец откако под дејство на алкохол си ја убил мајка си

Од:

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

-Рано утрово, во семејниот дом на улицата „Страшо Пинџур“ во Штип, осомничениот 54-годишник, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка, родена во 1941 година, стои во соопштението на ОЈО.

Како што наведуваат оттаму, делото го извршил по претходна вербална расправија, под дејство на алкохол од 2.43 грам промили во крвта, но бил свесен за стореното.

-Откако со ловечки нож и нанел убодна рана во пределот на вратот од која жртвата искрварила до смрт, настанот самиот го пријавил на телефонскиот број за итни случаи 112, се наведува во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност

Агресивен карцином кај 10 годишната Ева – МОРА да реагираме веднаш!

Предраг Петровиќ

Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со заканите на Блискиот Исток

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Уставниот суд од 4 март почнува со седници во живо пред граѓаните

​Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска го доби првиот македонски етимолошки речник од авторот Цветановски