Приватните превозници се враќаат на скопските улици

Од:

Приватните превозници од денеска се враќаат на скопските улици, откако се откажаа од најавените блокади по одржаната координативна средба во саботата во Град Скопје. На средбата беше постигнат договор во рок од 15 дена независни експерти да направат анализа колку точно ќе добијат зголемување по изминат километар.

Претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски во изјава за медиумите дадена по координативната средба изјави дека новите цени треба да се применуваат од 1 јануари.

И од Град Скопје за координативната средба на која присуствувале градоначалничката и секретарот на Град Скопје, координаторите на советничките групи и претставници на приватните превозници, информираа дека е донесен заклучок според кој во рок од 15 дена треба да се изготви анализа во која согласно утврдената методологија ќе се утврдат реалните трошоци за извршување на услугата јавен превоз.

Проблем со јавниот градски превоз имаше и кога автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие останаа без нафта откако беше поништена јавната набавка. Со одлука на Владата беше одобрено од државните резерви да се отстапат 250 тони нафта кои според проценките треба да бидат доволни додека да се реализира новата јавна набавка за нафта.

Би можело да ве интересира

100 нови автобуси за Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски

Дел од автобусите на приградските линии на ЈСП не одат до крајните дестинации

Јавниот превоз ќе се одвива по неделен распоред, со исклучок на 10 линии

Горан Наумовски

Приватните автобуси од денеска возат по редовен возен ред, ЈСП им улати дел од долгот

Приватните автобуси од утре ќе возат по редовен возен ред, ЈСП уплати дел од долгот

А1он

Поради неисплатен долг од ЈСП, приватните превозници во Скопје од понеделник ќе возат само до 10 часот