Приватните превозници протестираа пред ЈСП, бараат средба со директорот

Од:

Приватните превозници протестираат пред централата на на ЈСП во Автокоманда. Тие ги паркираа автобусите на улицата во близина на објектот на ЈСП и бараат средба со директорот на претпријатието.

Од него бараат објаснување за неисплатениот долг кон приватните превозници кој според нив заклучно со ноември ќе изнесува околу два милиони евра. Како што изјавија за А1он долгот е генериран во последните четири месеци.

Автобусите на „Слобода превоз“ петти ден не сообраќаат, доедека „Макекспрес“ подолго време е надвор од јавниот сообраќај и нема договор со ЈСП.

Вчера градоначалничката Данела Арсовска ги обвнини приватните провозници дека продавале билети, а не ја пријавувале заработката. Превозниците велат дека овие обвинувања се груба лага.

Претставници на приватните провозници денеска ќе имаат средба со координаторите на советничките групи во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Дел од автобусите на приградските линии на ЈСП не одат до крајните дестинации

Јавниот превоз ќе се одвива по неделен распоред, со исклучок на 10 линии

Горан Наумовски

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Приватните автобуси од денеска возат по редовен возен ред, ЈСП им улати дел од долгот

Приватните автобуси од утре ќе возат по редовен возен ред, ЈСП уплати дел од долгот

А1он