„А1 он“ дознава дека пред судијката Лилјана Зафировска-Петреска во скопскиот граѓански суд нa 6 ноември годинава треба да се појават неформалниот сопственик на „1 ТВ“, Бојан Јовановски и неговиот правен застапник и адвокатoт на приватна скопска болница во судска парница поради неплатена здравствена интервенција.
Долгот за кој е поведен спорот е 10.313 евра, а станува збор за операција која популарниот Боки 13 ја извршил неодамна во приватната болница.
Информацијата за „А1 он“ ја потврдија од Основниот граѓaнски суд: „Согласно податоците на оперативниот систем АКМИС што судот го користи заведен е предмет ПЛ1П-456/19 (платен налог по приговор) со основ долг, вредност на спорот 634.251 денари“.
Во случајот платниот налог бил даден на нотар, но поради приговорот од Јовановски, предметот отишол во скопска двојка.
Јовановски е првоосомничен во истрагата што ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за противзаконско влијание врз специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и се наоѓа во 30-дневен притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.