Приватен автобус удри во тезга на улицата Индира Ганди, соопшти МВР. Продавачот на тезгата ја оттргнал внуката од местото на настанот по што му се слошило и паднал во бесвест.
Со друго возило 55-годишниот човек бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што од страна на лекар била констатирана смрт.
Од МВР велат дека приватниот автобус се движел кон тезгата и од непозната причина возачот не можел да го сопре автобусот по што удрил во неа.
Со одобрение на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.