Обвинителството бара притвор за Атанасовски

Од:

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вечерва донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тој вечерва беше приведен и изнесен пред суд на распит.

„Постои основано сомнение дека лицето сторило кривично дело Здружување заради непријателска дејност од чл. 324 ст.1 од Кривичниот законик.

Надлежен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка притвор. Во моментов се очекува да започне сослушување на осомниченото лице“, соопштуваат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.​

Атанасовски на рочиштата за 27 април, од страна на обвинетите беше директно посочен како главен организатор на насилниот упад во Собранието, кога физички беа нападнати пратениците од тогашната опозиција.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје