Притворените за убиството на лекарот ќе бидат пуштени – нема докази дека се извршители на делото

Од:

Откако денеска беше објавено дека две од трите уапсени лица за поврзаност со убиството на лекарот во Железара, добиле краткотраен притвор од 48 часа, обвинителството сега информира дека не се докажало дека се сторители на делото и по истекот на 48 часовниот притвор ќе бидат пуштени на слобода.

„ До овој момент, со преземените дејствија од МВР и извршените вештачења од Институтот за судска медицина не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на кривичното дело. Од тие причини, јавниот обвинител, по истекот на времетраењето на определената мерка краткотраен куќен притвор, нема да предлага судот да определи нови мерки за претпазливост за трите лица кои беа задржани во врска со овој настан.“, велат од Обвинителството.

Министерството за внатрешни работи, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, продолжува да презема дејствија за идентификација на сторителите на кривично дело.

Лицата кои претходно беа приведени за поврзаност со делото беа задржани во краткотраен притвор за да се запазат законските процедури бидејќи сè уште се преземаат дејствија за обезбедување докази. Сепак според најновата информација од Обвинителството доказите не упатувале на овие лица како сторители и тие ќе бидат пуштени.

67 годишниот матичен лекар од Скопје, беше пронајден со неколку убодни рани од нож, во својот автомобил на паркингот пред поликлиниката Железара.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај