Притворен сопственикот на порталот Охридскај

Од:

На сопственикот на порталот Ohridsky, Сашо Деносовски  му е определен осум дневен притвор поради закани кон охридскиот градоначалник, Никола Бакрачевски.

Како што информираат од полицијата, против него е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено дело „Загрозување на сигурноста“.

  „Пријавениот, на 17-ти овој месец преку возач вработен во локалната самоуправа, упатил сериозни заканувачки и навредливи зборови кон актуелниот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески. Заканите ги упатил откако на мобилен телефон му се јавил на вработен возач во локалната самоуправа при што од него добил одговор дека со заканите ќе го запознае градоначалникот.

– На тоа С.Д. потенцирал дека тоа треба да му биде најбрзо пренесено на градоначалникот. Следниот ден, пред зградата на општина Охрид пријавениот С.Д. го пресретнал возачот во локалната самоуправа и притоа го прашал дали на градоначалникот му ги пренел информациите. На тоа тој добил потврден одговор“ информираат од СВР Охрид.

Од охридската полиција велат дека на 13-ти овој месец околу 12 часот, пријавениот Денесовски влегол во канцеларија на друг вработен во општината и од него побарал да го запознае градоначалникот со неговото барање за исплата на пари кои тој ги побарувал од локалната самоуправа за извршени работи во времето на претходниот градоначалник.

И во таа прилика, според полицијата пријавениот манифестирал недолично однесување и видно револтиран, до градоначалникот упатил сериозни закани и навредливи зборови.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски