Притворен е 49-годишен маж од Тетово кој „делеше“ закани на Фејсбук

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 49-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Загрозување на сигурноста.

Осомничениот, на 28 октомври, од профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил видео и текст на албански јазик во кој отворено се заканил со убиство и други тешки кривични дела кон една жена и кон функционери од една политичка партија и лица со политичко уверување. Со објавата која имала навредлива, омаловажувачка, но и заканувачка содржина кај оштетената предизвикал чувство на вознемиреност и страв.

Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот и ја определи притворската мерка.

Би можело да ве интересира

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Тројца рекетари од скопјанец со закани и уцени зеле над 27.000 евра

Тетовец полово вознемирувал малолетно девојче

МВР: Уапсен е насилник кој нападнал, па му се заканувал на полицаец

Горан Наумовски

Двајца мажи од Росоман му се заканувале на Митко Јанчев и на неговото семејство

Горан Наумовски

„Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Горан Наумовски