Притворен дилер од Гевгелија

Од:

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори член и овозможување употреба на наркотични дроги.

Осомничениот, во неговиот дом во Гевгелија, неовластено заради продажба држел наркотична дрога хероин во вкупна количина од 11,23 грама како и наркотична дрога кокаин спакувана во алуминиумска фолија во количина од 0,08 грама. При претресот на 15 септември кај него била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога како средство наменето за мерење на наркотичната дрога при продажба.

По претходен телефонски договор, осомничениот на сведок му продал грам хероин за цена од 2.600 денари, додека на друг сведок, со намера да му продаде наркотична дрога, му овозможил во неговиот дом да конзумира хероин во два наврати.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците во кривичното дело или дека ќе го повтори делото.

Судот го прифати предлогот и му определи притвор во траење од 30 дена.​

Би можело да ве интересира

Полицаец пукал во воздух за да исплаши дилер

Горан Наумовски

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он

Откриена е причината за двојното убиство во Гевгелија

Горан Наумовски

Двојно убиство во Гевгелија, брат го убил брати си и снаата

Предраг Петровиќ

Приведен дилер во Охрид

Предраг Петровиќ

Претрес во кочанско, приведен дилер