Притвор за тројца од седумте напаѓачи во Шуто Оризари

Од:

На тројца од седумте осомничени за тепачката во Шуто Орирази, судија на претходна постапка им изрече мерка притвор, по предлог на Основното јавно обвинителство. На останатите четири лица вмешани во случајот им се изречени мерки на претпазливост, информираат од Кривичниот суд. Сите се товарат за сторено кривично дело насилство.

Меѓу притворените се и двајца полицајци кои биле во цивил, а претепале тројца полицајци во Шуто Оризари во понеделникот.

Тепачката се случила, откако осомничените се посомневале дека оштетените лица, односно полицајците наводно грабнале дете од Шуто Оризари. Тие ги пресретнале тројцата полицајци и насилно ги извлекле од автомобил ‘хјундаи галопер’ без регистарски таблички.

По нападот, еден од повредените се здоби со потрес на мозок и е во животна опасност, додека останатите двајца завршиле со телесни повреди.

Претходно МВР информираше, дека на полицајците кои се сомничат за извршено кривично дело насилство, изречени им се дисциплински мерки, односно суспендирани се од работните места.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва