Притвор за три лица кои подметнале пожар во автомобил

Од:

Приведени се кичевчанец и двајца битолчани кои подметнале пожар во автомобил на кичевчанец, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 05/06.06.2022 од страна на полициски службеници од ОВР Кичево во координација и содејство со полициски службеници од Сектор за општ и насилен криминал – Оддел за криминалистичка полиција при МВР и соработка со СВР Битола се преземени мерки и активности за расчистување на кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 1, сторено со подметнување пожар на патничко возило „ауди“, сопственост на Љ.С. од Кичево, а лишени од слобода се Е.П.(27) од Кичево, К.Б.(28) и Љ.А.(27), двајцата од Битола.

Имено, на 05.06.2022 извршени се претреси кај повеќе лица во Битола, при што се одземени предмети поврзани со кривичното дело, а од преземените мерки е утврдено дека нарачател на кривичното дело е Е.П. од Кичево, кој веќе издржува мерка притвор за кривично дело по член 215, сторител е К.Б., а Љ.А. е помагач во извршување на кривичното дело.

Лицата биле спроведени во ОВР Кичево и против нив до ОЈО Кичево е поднесена кривична пријава по чл.288 од Кривичниот законик, при што од Судија на претходна постапка и на К.Б. му е одредена мерка притвор“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

Пијаните возачи ќе одговараат кривично, заострување на казните

Ги нападнале овчарски кучиња, се качиле на столб за мобилна телефонија – спасени белгиски планинари во Ценар Жупа

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Еднојазичните униформи не се само облека