Притвор за тетовецот кај беше фатен со фалсификувани пари

Од:

Мерка од 30 дена притвор денеска доби 44-годишниот жител од Долна Лешница кој вчера беше приведен откако кај него беа пронајдени фалсификувани 13 илјади евра и друг вид материјал.

Тетовската полиција денеска до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Б.Џ. поради основано сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување пари”.

–Со кривичната пријава тој беше изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, кој му определил мерка притвор од 30 дена, по што ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје” во Скопје за издржување на мерката, информираат од СВР Тетово.

При претресот извршен вчера во домот и помошни простории на Б.Џ. беа пронајдени и одземени околу 13 илјади фалсификувани евра, 250 швајцарски франци, кувајтски динари, обрасци и други фалсификувани материјали (маркички, хартија и слично).

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука