Притвор за струмичанец осомничен за силување жени

Од:

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица, поднесе кривична пријава против O.Х (35) од Струмица поради постоење основано соменение дека сторил две кривични дела „силување“. На предлог на јавен обвинител од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што соопшти МВР, пријавениот на 17 ноември годинава околу 3:30 часот, со намера да ги присили на сексуален однос лицата Ѓ.С и А.М, насилно ги влечел кон неосветлениот дел помеѓу објектот на Шумска полициска станица Струмица и сендвичара „Тинејџер“ во Струмица, додека истите давале активен отпор и викале да ги пушти. Додека се обидувал да ги одвлече пријавениот гласно кон нив се обраќал со вулгарни зборови.

На 1 декември околу 00.40 часот, на ул.„Гоце Делчев“, пред влезот на ЈП „Македонски пошти“, пријавениот ги нападнал лицата Ѓ.С и Т.К, на тој начин што им се нафрлил и почнал да ги фаќа по градите и задникот додека тие давале отпор и викале за помош.

Веднаш по пријавувањето на настанот, Отсекот за општ криминалитет при СВР Струмица презеде активности во насока на пронаоѓање на сторителот.

Униформиран полициски службеник вчера при вршење на службена должност, на регионалниот пат Струмица-Радовиш, во близина на бензиската пумпа „Лукоил“, забележал паркиран автомобил и при легитимирње на лицата во возилото, бил легитимиран и пријавениот.

Поради основано сомнение дека е сторител на наведените кривични дела, пријавениот е лишен од слобода и задржан во просториите на СВР Струмица.

Пријавениот и е познат извршител на кривични дела против половата слобода и половиот морал, за кои е правосилно осудуван од Основниот суд во Струмица.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа