А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Притвор за скопјанец кај кој е пронајдена разновидна дрога

by А1он11/03/2020 - 11:46393
Share0

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец поради основано сомнение дека го извршил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Следете a1on на Instagram Instagram

При извршен претрес на 10.03.2020 година во домот на осомничениот во населбата Илинден,  биле пронајдени девет поединечни пакувања наркотична дрога марихуана во вкупна нето маса од 212,65 грама, како и психотропна  супстанца – амфетамин во вкупна нето маса од 25,73 грама, спакувана во шест поединечни пакувања. Дрогата која осомничениот ја држел неовластено заради продажба е одземена од страна на полициските службеници.

Во насока на обезбедување непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот достави предлог за определување на мерка притвор за осомничениот поради постоење на опасност од бегство и околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело. Решавајќи по предлогот на обвинителството, судијата  на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје  со решение на осомничениот му  определи куќен притвор во траење од 30 дена.

drogaojo

Би можело да ве интересира

Резултатите за квалитетот на гостиварската вода ќе бидат готови утре

Горан Наумовски19/07/2026 - 11:33

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски16/07/2026 - 10:3416/07/2026 - 10:37

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он13/07/2026 - 10:34

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски09/07/2026 - 10:1009/07/2026 - 10:14

Петмина скопјани се под истрага на Обвинителство – ја поддржуваат идеологијата на ИСИС

А1он17/06/2026 - 18:42

(ВИДЕО) Рекордна заплена на дрога во Чиле – фатени се над 100 тони кокаин вредни околу 8,3 милијарди долари

А1он09/06/2026 - 20:5009/06/2026 - 20:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео