Притвор за син кој со секира ја убил сопствената мајка во тетовско

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на селото Селце, кој при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот сопствената мајка.

– На 8 април, во дворот на семејната куќа во која живееле, без повод и причина, осомничениот ја нападнал жртвата, нанесувајќи и смртоносен удар со секира. Со ваквото дејствие тој сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, соопштува Обвинителството.

Како што информираат од обвинителството, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово поднел предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена​.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари