Притвор за прилепчанец кој се обидел да прегази полицајци

Од:

СВР Битола – Одделението за внатрешни работи Прилеп до Основното Јавно Обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава за постоење основано сомневање за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од КЗ на РСМ против лицето Д.Х.К (35) од Прилеп.

На 19.03.2020 година по претходна наредба од Основен суд Прилеп да се изврши претрес во домот на пријавениот, а во врска со основи на сомневање за извршено кривично дело „предизвикување на општа опасност”, истиот при проверката не бил пронајден.Од страна на полициски службеници, стои во денешното соопштение од МВР, лицето е пронајдено како управува патничко возило марка ,„ауди А6″ со прилепски ознаки кое е забележано на улица „Прилепски бранители”. Со службено полициско возило даден е знак да застане, но истиот се упатил на патот Прилеп-Македонски Брод,каде полициските службеници со соодветна опрема и обележување, го запирале возилото, но тој не го сопирал возилото, а во неколку наврати имало обиди да ги прегази полициските службеници.

– Од страна на полициски службеник во воздух било пукано од пиштол, а во еден момент во с.Долнени, од страна на полициски службеник употребено е огнено оружје во левиот пневматик,по што возилото запрело. Во возилото се затекнати две лица Д. Х. К(35) и З.Ј(37) од Прилеп. Лицата се приведени во полициската станица Прилеп. Судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп постапувајќи по предлогот за определување на мерка притвор на ОЈО Прилеп на осомничениот Д. Х. К(35) му определи мерка притвор, се појаснува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он