А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Притвор за прилепчанец кај кој била пронајдена половина килограм марихуана

by А1он12/11/2018 - 10:48185
Share0

Надлежен јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице на возраст од 44 години, поради постоење основано сомневање дека сторил продолжено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Добивај вести на вибер

Осомничениот на ден 09.11.2018 година во неговиот дом во Прилеп, неовластено заради продажба чувал 491 гр. наркотична дрога „марихуана“, спакувана во десет ПВЦ опаковки, и 14 мл. смолеста материја – наркотична дрога хашиш. Лицето кое се гони од страна на обвинителството чувало и опрема за подготовка на наркотична дрога „хашиш“ и семенски материјал во вкупна маса од 1,78 гр. од растениото Cannabis Sativa за кои знаело дека се наменети за производство на наркотични дроги.

Предметите беа пронајдени од страна на службени лица на Полициска станица Прилеп при извршен претрес во домот на осомничениот, врз основа на наредба издадена од Основниот суд Прилеп.

Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи, па достави предлог за определување мерка притвор, согласно член 165 став 1 точка 1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка. Предлогот беше прифатен од судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп, кој со решение на обвинетиот му определи мерка притвор во траење до 30 дена.

obvinitelstvoprilep

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ04/03/2026 - 15:1004/03/2026 - 15:10

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците

Горан Наумовски23/02/2026 - 14:19

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он14/02/2026 - 13:53

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Горан Наумовски13/02/2026 - 10:33

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Горан Наумовски21/01/2026 - 16:16

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен