Притвор за петмина, 10 во бегство од мафијата во Грчец – убивале, продавале дрога, имале соработници во судови и институции

Од:

Судии на претходна постапка од Кривичниот суд, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство им одредија 30 дена притвор на петмина од осомничените од полициската акција во Грчец. Прифатен предлогот за определување притвор за уште 10 лица кои се опфатeни со акцијата, но тој ќе стане ефективен откако ќе бидат пронајдени.

„ Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство за 6 лица кои во текот на ноќта беа спроведени во судот, а поврзани со полициската акција во с. Грчец, го Прифатија предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција и на: Ш.Б., Ф.Б., Н.И., Ф.С. и С.А. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека за О.П. го прифати предлогот за определување мерки за претпазливост односно Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање живеалиште односно престојувалиште и Обврска за јавување во суд.“

Судот го прифати предлогот и определи мерка притвор за 10 лица кои се опфатени со истрагата, а во моментов не се достапни на органите за прогон и тоа од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд.

Групата се занимавала со шверц на дрога и извршувала убиства. Групата од Грчец имала соработници во разни институции. Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група која се сомничи за инволвираност во набавки на кокаин и вршење на тешки кривични дела убиства во периодот од декември во 2019 година до март во 2021 година. При претресите се запленети голема сума на пари, луксузни автомобили и други вредни предмети.

 

Би можело да ве интересира

Триесет дена притвор за кумановецот осомничен за криење оружје и муниција во близина на Арачиново

Предраг Петровиќ

Притвор за двајца битолчани кои со ножеви нападнале полициска патрола

Горан Наумовски

Судот одлучи: Осум обвинети од акцијата „Адитив“ завршија во притвор

Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје, кои беа обвинети по член 319

Притвор за тројцата осомничени кои го газеа македонското знаме

Горан Наумовски

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак