Притвор за кавадарчанец поради убиството на жената од Сирково

Од:

Лицето М.А. (1964) од Кавадарци е осомничено за убиство на Снежана Т. од село Сирково,  чиј труп вчера беше пронајден во објект во Кавадарци, а од страна на надлежен судија му е одреден притвор во траење од 30 дена.

Како што информира попладнево портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска, осомничениот, кој во текот на вчерашниот ден беше приведен и задржан во ПС Кавадарци, денеска заедно со кривичната пријава заради основи за сомнение за сторено кривично дело „убиство“, бил изведен пред Основнот јавно обвинителство Велес и Основен суд Велес.

М.А. ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје, соопшти Стојковска.

Вчера околу 12.05 часот е пријавено дека во објект во Кавадарци е пронајдено мртво женско тело. По извршениот увид од јавен обвинител, увидна екипа и лекар при прегледот кај 40-годишната жена е констатирана смрт по насилен пат.

Заради утврдување на причините за смртта наредена е обдукција на телото на жртвата.

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини