Притвор за двајцата приведени за убиството на лекарот во Железара

Од:

Определен 48 часовен притвор за двајцата приведени во врска со убиството на лекарот во скопска Железара.

„ Со оглед на тоа што сè уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара. Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.“ велат од Обвинителството.

67 годишниот матичен лекар од Скопје, беше пронајден со неколку убодни рани од нож, во својот автомобил на паркингот пред поликлиниката Железара.

Полицијата обезбедила траги од местото а прегледани се и голем број видео записи од околните камери. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека биле приведени три лица. Според него мотивите за убиството на лекарот не биле поврзани со професијата лекар.

Би можело да ве интересира

Притвор за возачот кој со автомобил удри две жени на блокадата во центарот на Белград

А1он

Зел мито за операција, приведен хирург од болницата во Битола

Катерина Ѓуровски

Лекар од Вевчани две години работел без продолжена лиценца

Бајден не ја дава челичаната Ју-Ес Стил

Триесет дена притвор за кумановецот осомничен за криење оружје и муниција во близина на Арачиново

Предраг Петровиќ

Притвор за двајца битолчани кои со ножеви нападнале полициска патрола

Горан Наумовски