Притвор за двајца битолчани кои со ножеви нападнале полициска патрола

Од:

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за две лица осомничени за кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. Едниот од нив е осомничен и за обид за кривично дело спречување на службено лице во вршење службено дејствие.

Осомничените со ножеви во рацете им се заканиле на двајца униформирани полициски службеници, кои постапувајќи по наредба за вршење на мотопатролна дејност на регионалниот пат Р23-33 Битола-Бистрица го запреле возилото во кое се наоѓале осомничените за да извршат контрола на возило и возач. Со ножевите осомничените се упатиле кон полицајците, вербално заканувајќи им се дека ќе ги убијат. Едниот од осомничените и физички нападнал полицаец, го турнал и започнал да го стега за вратот, нанесувајќи му површинска телесна повреда. Кога полицајците се обиделе да го совладаат, другиот осомничен се обидел да ги спречи така што ги тргал за рацете и униформите. Двајцата осомничени биле лишени од слобода со засилување од интервентна екипа од СВР Битола.

Одлучувајќи по предлогот од надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Битола на осомничените им определи притвор во траење од осум дена.

Би можело да ве интересира

Кратовец со нож прободе полицаец, ќе оди во притвор

А1он

(ВИДЕО) Скандал во Франција: Снимени се полицaјци како упатуваат расистички и екстремистички коментари

Горан Наумовски

Десетина полицајци се разболеa од загадена вода во нова полициска станица

Осум дена притвор за полицаец од Скопје кој присвои пари кои беа платени од граѓаните за сообраќаен прекршок

Притворена е жената која незаконски наплаќаше влез во заштитениот локалитет „Куклица“

Иран погуби две лица осудени за убиство на четворица полицајци