Притвор за дилер на кокаин од тетовско Доброште

Од:

На предлог на Обвинителството по спроведена истражна постапка, Основниот суд Тетово му одреди 30 дена притвор на 33-годишен жител на село Доброште, осомничен за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, кај осомничениот на 6 јули 2021 при извршен претрес овластени службени лица пронашле 4,71 грама кокаин. Дрогата била спакувана во 13 мали полиетиленски пакувања, ставени во пластична кутија и подготвени за продажба.

-Осомничениот бил пресретнат од полицаските службеници пред неговиот дом, се обидел да ја фрли пластичната кутија со дрогата во неа, но бил совладан, а дрогата е одземена со потврда за привремено одземени предмети, соопшти Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Скопското обвинителство отвори истрага за дилер од Штип

Грк уапсен со над 33 килограми канабис што го презел на македонската граница

60-годишник се самозадоволувал пред деца, Обвинителството бара притвор

Родители не пуштале полицајци да му пишат на синот казна за неносење маска

Катерина Павлова-Николовска

Казни од 2.000 евра за 19 скопјани кои го прекршиле полицискиот час

Катерина Павлова-Николовска

Поранешен градоначалник на Чашка обвинет за несовесно работење