Во Србија фатен бугарски државјанин со над три килограми дрога

Од:

Бугарскиот државјанин В.А.В.(46) е сослушан во Вишото јавно обвинителство во Смедерево поради постоење основи на сомнение дека стори кривично дело неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги.

Осомничениот се товари за неовластено поседување и пренесување на голема количина наркотична дрога – кокаин со вкупна нето тежина од 1.002 грама и хероин со вкупна нето тежина од 2.241 грама, која му е пронајдена и конфискувана на 9 јануари 2026 година, кога е лишен од слобода, со цел понатамошна продажба, соопшти српското обвинителство.

По сослушувањето на осомничениот, кој го искористи правото да не презентира одбрана, обвинителството предложило да му биде одредена мерка притвор до 30 дена поради околности што укажуваат на ризик од бегство, како и нарушување на јавниот ред и мир што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка.

Би можело да ве интересира

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Додик: Врските меѓу Србија и Српска нема да бидат прекинати од оние кои сакаат Србите да се откажат од сопствениот народ

Вртоглавиот подем и пад на Марко Кричак – началникот на криминалистичката полиција кој утрово беше уапсен

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсен е Марко Кричак, еден од најмоќните луѓе во српската полиција

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он