Притвор за дилер на кокаин од тетовско Доброште

Од:

На предлог на Обвинителството по спроведена истражна постапка, Основниот суд Тетово му одреди 30 дена притвор на 33-годишен жител на село Доброште, осомничен за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, кај осомничениот на 6 јули 2021 при извршен претрес овластени службени лица пронашле 4,71 грама кокаин. Дрогата била спакувана во 13 мали полиетиленски пакувања, ставени во пластична кутија и подготвени за продажба.

-Осомничениот бил пресретнат од полицаските службеници пред неговиот дом, се обидел да ја фрли пластичната кутија со дрогата во неа, но бил совладан, а дрогата е одземена со потврда за привремено одземени предмети, соопшти Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец, кај него е пронајдена дрога

А1он

Притвор за дилер од Скопје – кај него е пронајден кокаин

А1он

Дилер од Битола им продавал марихуана и на деца

А1он

Кај 21-годишен скопјанец пронајдени се четири килограми марихуана

А1он

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Велешанец фатен со 11 килограми опиум

А1он