Притвор за четворица турски државјани кои нападнаа доставувач во Скопје

Од:

Четворица државјани на Турција се приведени и против нив е поднесена кривична пријава поради физички напад врз доставувач во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случи на 24 мај околу 19.55 часот на подрачјето на Центар, кога, според пријавата, по претходна расправија околу сообраќајот, осомничените со возило „ауди“ удриja во мотоциклoт на 20-годишниот Ф.М. од Скопје, кој во моментот извршуваше работни задачи како доставувач, а потоа и физички го нападнаа.

По преземени оперативни мерки, полициски службеници од СВР Скопје на 25 мај во 1.30 часот ги приведоа О.А. (21), А.Ф.Е. (21), Т.А.Б. (22) и А.И.О. (24), сите државјани на Турција.

Од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, против осомничените е поднесена соодветна кривична пријава, а судија на претходна постапка им изрече мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов – Кривичен утре ќе одлучува за притворот

А1он

Кратовец со нож прободе полицаец, ќе оди во притвор

А1он

Русија со нов удар врз украинската логистика: Погодени камиони и цистерни

Русија удри во „срцето“ на украинската металургија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицијата ликвидираше жена која со нож нападна две лица на Тајмс сквер

Напаѓач со мачета повреди неколку луѓе во училиште во Шведска

А1он