Притвор од 30 дена за скопјанец осомничен за шверц на марихуана

Од:

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со РЦ за ГР Југ, во содејство со мобилната екипа од Царинска управа на РМ,на граничниот премин „Богородица“ во патничко моторно возило „Хјундаи-Санта Фе“ со скопски регистарски таблици, управувано од скопјанецот М.С., вчера откри и заплени осум килограми и 239 грама марихуана.

До Основното јавно обвинителство во Велес, соопшти денеска МВР, е поднесена кривична пријава против М.С. осомничен за сторено кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. Од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Во соопштението се појаснува дека откако во 22:00 часот за излез од Република Македонија се пријавил М.С.(19) од Скопје управувајќи „Хјундаи – Санта Фе“ со скопски регистарски ознаки кое го управувал со полномошно, од страна на полициските и царинските службеници од наведениот граничен премин возилото и лицето биле селектирани со цел да биде извршен преглед и претрес.

Од извршениот преглед над возилото откриен е специјално направен простор-бункер во долниот дел на подвозјето кај праговите на возилото во кој се пронајдени 10 полиетиленски пакувања обвиткани со кафеава селотејп трака исполнети со непозната растителна материја зелена боја.

Имено, М.С. во текот на април 2016 година, од засега непознато лице во Република Македонија набавил марихуана со цел да ја пренесе во Република Турција заради понатамошна продажба и стекнување со противправна имотна корист.

Одземената растителна материја по наредба на Јавен обвинител е предадена во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ, заради понатамошно вештачење со цел утврдување на видот и количината, при што со вештачење е утврдено дека се работи за осум килограми и 239 грама марихуана.

Би можело да ве интересира

На „Богородица“ се запленети девет пиштоли, шверцерот е во притвор

Горан Наумовски

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) Полицијата уапси 26-годишник кој превезуваше 10 килограми кокаин со висока чистота

Горан Наумовски

Шверц на културно наследство: Кумановец е уапсен на Табановце

Спречен шверц на оружје од Турција во Македонија