Притвор и истрага против еден Македонец и двајца Албанци поради продажба на дрога

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното jавно oбвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против еден македонски и двајца албански државјани. Истрагата е поради постоење на основи на сомневање дека лицата сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

На почетокот на месецов, осомничените преземале активности за неовластена набавка и пренесување на наркотична дрога – марихуана од територијата на Република Албанија во Република Македонија. Крајниот пазар за продажба на дрогата била Република Турција. Двајцата државјани, кои биле ангажирани од страна на продавачот на дрогата, во вечерните часови на седми овој месец, ја пренеле марихуаната, преку Граничниот премин Блато и според договорот, во близина на муслиманските гробишта во Дебар, му ја предале на македонскиот државјанин, соопштија од ОЈО.

Од обивнителството додаваат дека на излезот од Дебар во правец кон Маврово, полициските службеници при рутинска контрола на возилото пронашле три вреќи наркотична дрога – марихуана, спакувана во 31 најлонско пакување со вкупна тежина од 28 115 грама. Во исто време, на Граничниот премин Блато, на излез од Република Македонија, полициските службеници ги лишиле од слобода и двајцата албански државјани.

Надлежниот обвинител ценејќи дека се исполнети условите, до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор за осомничените. Судијата го прифати предлогот и со Решение определи притвор во траење од 30 дена за сите три лица.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Триесет дена притвор за осум лица по истрагата за штета од речиси 4,8 милиони евра на државниот буџет