Пристап на интернет имаат 79,9 отсто од домаќинствата во државава

Од:

Во првото тримесечје од годинава, 79,9 проценти од домаќинствата имале пристап на интернет од дома. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет според типот на населеното место, во вкупниот број на домаќинства, во првиот квартал годинава, изнесува 87,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. .

Од вкупното население на возраст од 15 до 74 години во првиот квартал годинава интернет користеле 81,4 отсто, а 70,9 проценти го користеле секој ден или речиси секој ден.

Според статистичките податоци, 40,1 процент од лицата кои кога било употребиле интернет, нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци, а повеќето од нив (36,4 проценти) купиле облека или спортска опрема.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Падна Gmail: Корисниците ширум светот пријавуваат проблем

Ана Ололовска

Осум лица осудени во Германија за овозможување илегална работа на интернет сајтови

А1он