Природниот прираст на населението позитивен

Од:

Природниот прираст во второто тримесечје од годинава е позитивен и изнесува 852 лица, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца изнесува 5.470 живородени деца што е за 5,5 отсто помалку во споредба со истиот период лани. Бројот на умрените лица, пак, бележи намалување од 5,4 проценти и изнесува 4.618 од кои 59 се доенчиња.

Во второто тримесечје од 2013 склучени се 3.335 бракови или 4,4 отсто помалку во споредба со истиот период минатата година. Разведените бракови, вкупно 684, бележат зголемување.

Би можело да ве интересира

Намален наталитет и негативен природен прираст во четвртиот квартал од 2023 година

Помалку починати во 2022, најмногу умрени во јануари, жените подлоговечни од мажите за 4,3 години

Ана Ололовска

Негативен природен прираст во првиот квартал од 2023 година

Ана Ололовска

Намален наталитетот, а зголемен морталитетот во третото тримесечје од 2021

Ана Ололовска

Природниот прираст негативен – лани 6 724 повеќе умрени од родени

Ана Ололовска

Во 2020 година помалку новороденчиња

Ана Ололовска