Прирачник за респираторна гимнастика во време на пандемија

Од:

Институтот за физикална медицина и рехабилитација – Скопје изработи прирачник со совети за респираторна гимнастика во време на пандемија со Ковид-19.

Во прирачникот можат да ги најдат корисни совети со вежби, препораки при изведување на вежбите за дишење, како и совети зошто е потребно да се внимава при изведување на респираторната гимнастика.

Со примена на вежбите за дишење, наведуваат од Институтот, би можело да се надминат респираторните проблеми кај повозрасната популација, но и да се заштитат пациентите од евентуални компликации на Ковид-19. Вежбите можат да бидат прилагодени за различни групи на возрасна популација зависно од нивните коморбидитети.

– Нарушувањето на функциите на дишењето при заболување на респираторниот систем кај пациенти со Ковид-19 се поврзува со промени кои настануваат во механиката на дишењето кај пациентите. Може да дојде до намалена подвижност на дијафрагмата и градниот кош, намалување на контрактилните способности на мускулатурата за дишење, како и намалена движечка активност на болните. Тоа доведува до нарушување на белодробната вентилација и размената на гасови. Токму затоа со респираторна гимнастика може да се постигне подобрување на секоја од наброените состојби, велат од Институтот.

Целта на респираторната гимнастика е да се активира мускулатурата и да се зајакнат дишните мускули, да се зголеми подвижноста на градниот кош, да се подобри проодноста на дишните патишта и да се продлабочи дишењето, стимулира циркулацијата на крвта и да се урамнотежи работата на кардиоваскуларниот и респираторниот систем и да се спречи хипотрофија на мускулите и слабеење на целиот организам.

Придобивките од респираторната гимнастика се подобрување и нормализирање на респираторната функција, воспоставување рамнотежа меѓу дишењето и циркулацијата на крвта, подобра заситеност на организмот со крв и отстранување на јаглерод диоксидот, обновување на здравјето и работната способност на луѓето.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on