Припадниците на АРМ континуирано ги покажуваат своите вештини

Од:

Припадиците на Армијата на Република Македонија континуирано ги покажуваат своите вештини и способности, а воедно и ја претставуваат Армијата и Република Македонија во вистинско светло, како верен и постојан придонесувач кон глобалната стабилност и мир.

Тоа беше истакнато на денешната средба на министерот за одбрана на Република Македонија Фатмир Бесими и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески со припадниците на АРМ кои беа дел од операцијата ЕУФОР-АЛТЕА (Алтеа-12).

– Резултатите кои ги постигнавте се дел од добриот процес на селекција, процес кој е исклучително важен особено кога станува збор за помала група луѓе. Одговорноста која ја покажавте се исплати – вие се вративте живи и здрави, побогати за едно големо искуство кое ќе биде голем напредок за вас и за вашите колеги, истакна министерот Бесими за време на средбата.

Генералот Котески истакнал дека припадниците на ротацијата исклучително добро се презентирале себеси, своите способности и капацитети и видниот професионализам, а со тоа и Армијата на Република Македонија.

– Нашите заложби се поврзување со регионот и со подалечните воено-медицински установи. Всушност, ние сме лидери во регионот во оваа област, бидејќи посветуваме внимание на медицинската заштита, посочил генералот Котески.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори