Припадници на АРМ им помагаат на поплавените во Обреновац

Од:

Припадниците на АРМ кои се ангажирани за давање помош во поплавените подрачја во Република Србија, во текот на вчерашниот ден со моторните возила кои ги поседуваат, извршија евакуација на повеќе од 350 лица од подрачјето на градот Обреновац и околните населени места, соопшти Генералшатабот на АРМ.

Персоналот на АРМ кој е распореден во Обреновац денеска ќе биде ангажиран на испумпување на водата во пониските точки на градот со што  ќе се создадат услови за побрзо отстранување на последиците од водената стихија која го зафати овој град и регионот околу него.

obrenovac03foto-dusan-milenkovic_ff

Агрегатите на АРМ се употребени за снабдување со електрична енергија на прифатниот центар во Обреновац, полициската станица и други објекти од витално значење во хуманитарната акција.

Без оглед на исклучително тешките и сложени услови за работа, припадниците на АРМ оставруваат одлична координација и соработка со надлежните органи во Република Србија, а задачите ги извршуваат беспрекорно и професионално.

obrenovac04foto-dusan-milenkovic_ff

Се очекува и во наредните денови ангажирањето на хуманитарниот контингент на АРМ да продолжи во склад со потребите на властите во Република Србија, се вели во соопштението од ГШ.

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски