Приоритетите на хрватското претседателство со ЕУ пред Комисијата за европски прашања

Од:

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за одбрана и безбедност, за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

На Комисијата за европски прашања амбасадорката на Хрватска Нивес Тигањ ќе ги претстави Програмата и Приоритетите за работата на Хрватското претседателството со Советот на ЕУ, во периодот јануари-јуни 2020 година.

На дневен ред на Комисијата за одбрана се измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и измените на Законот за јавните собири, двата во второ читање.

Предлог-закон за урбанистичко планирање, во второ читање ќе го разгледува Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини