Принципи за добро управување на општините

Од:

Принципите на Европската Комисија, односно на СИГМА, за концептите на добро управување се однесуваат на пет основни области, и тоа развој и координација на политики, управување со човечки ресурси, транспарентност и отчетност, обезбедување услуги што за нас е најзначајна област и управување со општинските финансии.

Ова го изјави Неда Малеска- Сачмароска, извршен директор на Центарот за управување со промени, на денешната конференција за стандарди за добро управување во општините што се организира во рамки на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Центарот за управување со промени во партнерство со Асоцијацијата за менаџмент консалтинг 2000 и Центарот за истражувачко новинарство СКУП.

Истражувањето што беше спроведено во рамки на Проектот покажува дека општините не водат прецизна евиденција за бројот на услугите кои ги обезбедуваат, мал процент, 13 отсто од испитаниците одговориле дека се потполно задоволни од услужливоста на шалтерските работници. Највисок индекс на веб- транспарентност има добиено општина Штип (61.54%), потоа следат Битола, Кавадарци, Велес, Охрид и Струмица. Исто така, општините немаат добар степен на реализација на буџетите.

-Многу од проблемите што произлегуваат и што се присутни на локално ниво се резултат на невопоставените стандарди и несоодветните човечки ресурси со кои што сега располагаат општините. Сите зборуваме за администрација што пред се ќе биде ориентирана кон граѓанинот и кон бизнис заедницата со процесот на евроинтеграција на РМ и уште поважно станува прашањето локалната администрација да биде препознаена во европскиот административен простор како професионална и обучена што може да одговори на стандардите на ЕУ, посочи Ели Чакар од Министерството за локална самоуправа.

Таа додаде дека важен е и податокот дека 80 отсто од националното законодавство се имплементира токму на локално ниво од страна на локалната администрација, а тоа како што рече, значи дека и многу од директивите на ЕУ се имплементираат на локално ниво од страна на локалната администрација.

-Интересно е да се каже дека низ годините имавме тенденција да се фокусираме, можеби премногу, на централната влада и како централните институции се справуваат со ЕУ регулативите и малку ги запоставивме институциите на локално ниво, така што со овој проект се надеваме дека ќе добиеме повратни информации, како овие принципи се спроведуваат на локално ниво, рече Фреек Јанмат, раководител на Секторот за економски прашања, институционален развој и прекугранична соработка при Делегацијата на ЕУ.

Градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски смета дека политичките партии со политичката култура што ја наметнуваат се најголемите виновници за состојбите во јавната администрација.

Би можело да ве интересира

Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

Орце Костов

Во спортките клубови завршиле над 90 отсто од парите на општините наменети за невладини организации

Орце Костов

Донесена одлука за пренамена на буџетски средства во износ од две милијарди денари за 66 проекти во општините во државава

Колева: ДПМНЕ да се заблагодари на граѓаните и на Владата за обезбедените пари за општините, не на Мицкоски

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Општините и училиштата ги издаваат салите и терените нетранспаренто, без криетриуми, некогаш и без надомест

Катерина Ѓуровски