Примерок на Балкански рис повторно „фатен“ од камерите на Националниот парк „Галичица“

Од:

Фото-камерите на Националниот парк „Галичица“ уште еднаш снимија примерок на балкански рис во атарот на паркот.

Последните три години ова е осми пат поставените фото-замки да снимат рис во паркот.

Според најавите од Националниот парк, во периодот што следува ќе бидат поставени дополнителни камери, за да се утврди бројноста на балканскиот рис и другите покрупни животни во паркот.

Истовремено се наведува дека ќе бидат засилени и мерките за заштита на живеалиштата на балканскиот рис и оние за спречување на криволов во Националниот парк.

Балканскиот рис по педесеттина години во 2020 беше првпат забележан во Националниот парк „Галичица“. Потикнати од појавата на рисот, Јавната установа „Национален парк Галичица“ во сороаботка со „МЕД/MES“ изминатите две години спроведоа мониторинг за утврдување на бројноста на срната и на дивата коза во паркот, како животински видови што се омилена храна на балканскиот рис.

Фото: НП „Галичица“

Би можело да ве интересира

Во месноста Лешница на Шар Планина забележан рис

Фотографија на балкански рис снимена во Националниот парк „Галичица“

А1он

Балкански рис се следи со ГПС околувратник во „Јасен“

Ана Ололовска

МЕД апелира да не се уништуваат кафезите-замки за истражување на балканскиот рис

Ана Ололовска

Повторно снимен рис на Галичица

Ана Ололовска

Во НП Маврово заловена втора женка рисица за оваа сезона

Ана Ололовска