Во месноста Лешница на Шар Планина забележан рис

Од:

Вработените во Националниот парк Шар Планина информираат дека е утврдено присуство на реткото диво животно – балкански рис во месноста Лешница. Тие го следеле движењето на дивите животни преку поставени видеокамери од почетокот на оваа година.

-Воспоставеното следење на дивите животни со фото-замки од почетокот на годината ни даде одлични првични резултати, но последното видео ни донесе и солзи радосници. Возбудени сме да ја споделиме информацијата дека го потврдивме неговото присуство во срцето на Шар Планина, во Лешница. Балкански рис (Lynx lynx balcanicus) е предатор и е исклучително ретко диво животно. Тој е еден од избраните клучни видови и е добар индикатор за здравствената состојба на екосистемот, велат од НП Шар Планина во соопштението.

Од таму потенцираат дека локалитетот Лешница е посебен предел поради своите бројни вредности, а потврдата дека е живеалиште на рисот е дополнителен аргумент дека заслужува посебен третман.

-Национален Парк без мали хидро-централи, почитување на режимот за движење со моторни возила, без било какви други негативни човекови влијанија и други недозволени активности. Присуството на рисот во срцето на Шара е потврда дека насоките на управување се добро поставени и со ова би сакале да изразиме благодарност до ренџерската служба, стручниот колегиум и до научниот совет на институцијата, до колегите од секторот природа на МЖСПП и до главните поддржувачи во напорите да се заштитат уникатните вредности на Шар Планина, PONT и Global Conservation, велат од установата.

Балканскиот рис е национално обележје на Македонија, го има и на монетата од 5 денари, како и на логото на Националниот Парк Шар Планина.

Би можело да ве интересира

Уште е активен пожарот на Шар Планина, гори букова шума во Чашка

Жителите да излезат и да ги бранат имотите, пожарот е проширен – повик од Националниот парк „Шар Планина“

ВИДЕО: Локализиран е пожарот на Шар Планина, гори на Баба

Катерина Ѓуровски

Со хеликоптер се гасне пожарот на Шар Планина

Катерина Ѓуровски

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски

Мечка нападнала дански турист на Шар Планина

Орце Костов