Примени нови 90 професионални војници во АРМ

Од:

Нови 90 професионални војници, кои поминаа преку ригорозен процес на селекција кој вклучува медицински и психофизички проверки, денеска во касарната „Илинден“ во Скопје беа примени на служба во Армијата на Република Македонија.

Шест од 90 новопримени војници се жени, а една од нив ќе биде дел и од Полкот за специјални операции.

Честитајќи им на новопримените професионални војници, министерот за одбрана Зоран Јолевски им порача дека униформата на АРМ претставува гордост и престиж за секој граѓанин на Република Македонија.

– Во изминатиот период вие поминавте низ ригорозен процес на селекција и докажавте дека сте најдобри меѓу најдобрите. Вие имавте силна волја, мотивација и желба да бидете избрани и да ја носите униформата на Армијата на Република Македонија, рече Јолевски. Нагласи дека треба да работат посветено, чесно и хумано.

Министерот за одбрана истакна дека годинава АРМ ќе го прослави својот 25 роденден.

– Сите овие години, од почетокот па до денес, упорно и посветено ја градиме Армијата која ќе биде подготвена за заштита на националниот и територијалниот интегритет на Република Македонија и да ги изврши своите други уставни функции, рече Јолевски. Додаде дека храброста, патриотизмот, обученоста, чесноста и одважноста се препознатливи и ценети за припадниците на АРМ.

Со денешната промоција на девет нови професионални војници во специјалните сили, како што рече, се подобрува квалитетот и на Полкот за специјални операции.

Главниот наредник Миле Донев истакна дека новите професионални војници поминале месец и половина во Армијата, обука во нивните матични единици.

– Со завршувањето на заедничката обука не завршува војничкото надоградување. Патот до висококвалитет борец и припадник на АРМ е долг и макотрпен, полн со бројни предизвици и само добро обучен и храбар војник може да се справи со денешните многубројни закани по одбраната и безбедноста на Република Македонија, рече Донев.

На свечениот прием на новите професионални војници присуствуваа претставници на Министерството за одбрана и на АРМ.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он