Прилепските пензионери протестираат со блокада на улици

Од:

Прилепските пензионери денеска излегоа на протест со блокада на една од поголемите сообраќајници во центарот на Прилеп, повторувајќи ги барањата за линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите и решеноста дека нема да се откажат ниту од протестите ниту од барањата за достоинствен живот.

-Денеска е светски ден на правдата, но каква правда ние имаме? Душата ни ја испразнија, а ние се чувствуваме повредени, омаловажени, понижени. Празни сме како теглите што ги покажаа пензионерите. Не може да се согласиме, ниту да се помириме со тавот дека ако е линеарно покачувањето на пензиите, ќе биле повредени оние со повисоки пензии. Бараме оставка од министерката за труд и социјална политика, изјави Билјана Шекероска од иницијативниот одбор на пензионерите.

-Со месеци протестираме, луѓето се разболија, а никој не сака да го слушне нашиот глас. Но ние не се откажуваме ниту од протестите, ниту од барањата, рече пензионерката Марија Ристеска.

Прилепските пензионери ги продолжуваат своите протести на различни локации низ градот. Апелираат на протести да излезат сите пензионери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски